Животот после 50тите го замислуваме релаксирано, со често дружење со луѓето кои ги сакаме, со повремени патувања низ државата, како и посетување на нови дестинации кои не сме имале прилика да ги посетиме за време на работниот век, често собирање со целото семејство и причини за славење на децата и внуците. Секој посакува да биде дарежливиот дедо или баба кој внуците нетрпеливо го очекуваат на својот роденден, радувајќи се на возбудливиот поклон кој би го донеле, дарежливиот дедо или баба кој на секоја втора посета на своите внуци им „втуткува“ мал износ книжни пари за да си купат чоколадо или сладолед.
Но, за жал, значителен број на луѓе по пензионирањето се соочуваат со проблемот на примање на незадоволителни пензии, значајно под стандардот на живот кој го имале пред пензионирањето. Никој не сака во повозрасните години да им претставува финансиски товар на своите деца, напротив сака да им биде понатамошна поддршка за нивен поголем успех.
Ваквите желби и соништа веруваме дека сами од себе не би можеле да се остварат. Секој од нас треба да преземе акција за да си го овозможи посакуваниот живот во иднина.
Тоа подразбира што поскоро започнување со штедење во Доброволен пензиски фонд.
Кога е најдобро да започнете со вложување во Доброволен пензиски фонд?
Можеби пензионерските денови Ви изгледаат далеку ? – Одлично, Вие се наоѓате во најдобриот период од животот да одлучите дел од Вашите месечни заштеди да ги инвестирате во доброволен пензиски фонд – Вие можете да ја искористите предноста на временската компонента и со тоа да остварите поголеми приходи во годините по пензионирањето. Не ја пропуштајте оваа предност.
Не чекајте го времето кога ќе имате повисоки приходи и не мислете дека Ви е рано да размислувате на оваа тема. Најдоброто време да започнете да уплаќате во доброволен пензиски фонд е со првата плата која ќе ја заработите. Доколку веќе неколку години работите, а немате започнато со вложување во доброволен пензиски фонд, веројатно веќе малку заостанувате, но никогаш не е доцна човек да размислува за иднината. Започнете со инвестирање во неа веднаш, со помал износ, на пример 900 денари месечно, а со тек на време зголемувајте го овој износ, но секогаш да биде минимум 5% од Вашата нето плата. Не заборавајте на магијата на вкаматувањето, таа единствено функционира доколку и дадете доволно долго време.
Можеби пак се доближувате до времето кога ќе започнете да добивате пензија ? – Тогаш најдобро е час поскоро да започнете со инвестирање на Вашите заштеди, односно да започнете со уплаќање на придонеси и да станете дел од Доброволниот пензиски фонд, како би го искористиле максимално времето пред пензионирање за оплодување на Вашите средства. Доколку имате акумулирано поголема заштеда, а се уште немате започнато со штедење во доброволен пензиски фонд, Ви препорачуваме заштедата да ја искористите за уплата во доброволен пензиски фонд, со цел адекватно оплодување на средствата и обезбедување на повисоки приливи по пензионирање.
Една од главните цели на Доброволниот пензиски фонд е преку оплодување на средствата на членовите да им овозможи по пензионирањето покрај примањата од Првиот и Вториот пензиски столб да остваруваат и дополнителни примања со што би имале поголеми приходи во годините по пензионирањето.
Тоа што е најважно е да се одлучите да преземете акција веднаш. Процесот за подетално запознавање со пензискиот систем, како и со започнување со вложување за поудобна пензија е брз, лесен и едноставен. Контактирајте не.