Основен показател за перформансите на портфолиото на ВФП отворен доброволен пензиски фонд – Скопје за изминатиот период се движењата на вредностите на сметководствената единица и изведената стапка на номинален и реален принос, сведена на годишно ниво. Реалниот принос се добива од номиналниот принос корегиран за промената на нивото на трошоците на живот за пресметковниот период.

 

Принос од инвестиции:

Период

Номинален принос

Реален принос

31.12.2022-31.12.2023 сведен на годишно ниво

8,20%*

4,42%*

Приносот се пресметува за периодот 31.12.2022 – 31.12.2023 бидејќи фондот постои пократко од 84 месеци, но подолго од 12 месеци

Приносот кој се остварува од управувањето со средствата на Пензискиот фонд, им припаѓа на членовите и на пензионираните членови на фондот и пропорционално се распределува на нивните сметки.

Приносот на Вашата доброволна индивидуална сметка и/или професионална сметка е променлив и зависи од приносот на Вашиот доброволен пензиски фонд и од надоместоците наплатени од Вашето друштво кое управува со доброволниот пензиски фонд.

*извор: Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување: www.mapas.mk

Друштвото ги наплатува следните видови на надоместоци:

Надоместок од придонес – се наплатува како процент од секој уплатен придонес во фондот, пред претворање на средствата во сметководствени единици.

Месечен надоместок од вредноста на нето средства на Фондот – пресметката на надоместокот се врши на секој датум на проценка на средствата на фондот и се наплатува еднаш месечно

 

Тип на тековно наплатуван надоместок

Износ

Надоместок од придонес*

2,9%

Месечен надоместок од вкупни нето средства на Фондот *

0,075%

* Приносот на Вашата доброволна индивидуална сметка и/или професионална сметка е променлив и зависи од приносот на Вашиот доброволен пензиски фонд и од надоместоците наплатени од Вашето друштво кое управува со доброволниот пензиски фонд.

Надоместокот за премин претставува паричен надоместок во случај кога член на еден доброволен пензиски фонд (постоен доброволен пензиски фонд) избира да премине во доброволен пензиски фонд управуван од друго друштво за управување co пензиски фондови (иден доброволен пензиски фонд) под услов членот кој преминува да бил член во постојниот доброволен пензиски фонд пократко од 12 месеци пред да премине во идниот доброволен пензиски фонд.

Надоместок за премин

Износ

Број на денови ≤ 360

10 Евра

Број на денови > 360

Не се наплатува надоместок

 

Трансакциони провизии се надоместокот за берза на хартии од вредност, надоместокот за депозитар на хартии од вредност и провизијата за правните лица кои вршат услуги со хартии од вредност непосредно поврзани со тргување со средствата на доброволните пензиски фондови. Трансакциските провизии се наплатуваат од имотот на фондот.

Период

Вкупен износ на трансакциски трошоци (во денари во период)

Износ на трансакциски трошоци/нето- средства на фондот

18.10.2022-31.12.2022

13.223,09

0,06%

31.12.2022-31.12.2023

40.470,58

0,06%

 

Надоместоци на товар на ВФП Пензиско Друштво АД Скопје

Надоместок

Висина на надоместок

Месечен надоместок на Агенцијата за супервизија на капитално финасирано пензиско осигурување – МАПАС

0,70% од секој уплатен придонес во претходниот месец во доброволниот пензиски фонд

Надоместок на банка чувар на имот (Комерцијална Банка АД Скопје)

0,05% годишно од вкупната вредност на имотот на доброволниот пензиски фонд