ВФП Пензиско друштво АД Скопје, Друштво за управување со доброволни пензиски фондови, е дел од групацијата за финансиско советување WVP Group од Грац, Австрија.
WVP како групација е пионер во полето на напредни финансиски услуги, застапена на просторот на цела Источна Европа. Основана во 1985 година во Грац, Австрија, својата иновативност ја промовира и надвор од границите на Австрија каде што прераснува во препознатлив бренд со докажана доверба. WVP Group е лидер во посредување и продажба на осигурителни и финансиски продукти во 15 земји во Централна и Југоисточна Европа со повеќе од 35 години искуство.
Приказната на WVP Group во Република Македонија почнува во 2005 година преку Осигурително брокерското Друштво ВФП АД Скопје. ВФП АД Скопје е лидер на пазарот на животни осигурувања во Република Македонија.
Успехот на оваа компанија претставуваше основа за почетокот на ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје во 2014 година.
100% акционер на ВФП Пензиско друштво АД Скопје е ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје, кое е друштво за управување со инвестициски фондови, основано на 25.09.2014 година со запишување во Централниот регистар на Република Македонија, а по претходно добиено одобрение број УП 1 08-67 од 19.09.2014 година издадено од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.
Основна дејност на акционерот е основање и управување со отворени инвестициски фондови, односно вложување на парични средства во свое име и за сметка на соптвениците на удели во отворените инвестициски фондови.
Друштвото има дозвола да врши управување со средства за сметка на индивидуален клиент – сопственик на портфолио, како и да работи на инвестициско советување на клиенти.
Фондовите под управување на ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје се управувани од искусни познавачи од областа на пазарите на капитал со воспоставени аналитички процеси со кои се овозможува дневна грижа, за да се понудат квалитетни решенија во секој момент. Со ова на клиентите им овозможуваме бројни можности за избор на инвестиција која најдобро одговара на потребите, очекувањата и инвестицискиот профил на клиентите.
Довербата што ни ја укажаа голем број институционални клиенти и физички лица беше огромен поттик за Друштвото да иницира проширување на активностите во Р. Албанија, Р. Србија и Република Босна и Херцеговина. Учеството во сопственоста на друштвото во Р. Албанија изнесува 51% од основната главнина, во Р. Србија учествува со 30% од основната главнина, и во Р. Босна и Херцеговина учествува со 25%. Исто така, во иднина планирано е проширување на дејностите преку отворање на нови друштва за управување со инвестициски фондови и во други земји од регионот (Црна Гора и Бугарија).