Секој пензиски фонд има статут, на кој согласност дава Агенцијата. Заради обезбедување голема транспарентност статутот треба да содржи експлицитни информации за работењето на пензискиот фонд. Имено, статутот на пензискиот фонд содржи:
а) основни начела и посебни ограничувања при инвестирањето, покрај оние пропишани со закон, начинот и органот за донесување и спроведување на инвестиционите одлуки;
б) начин на пресметување на трансакционите провизии непосредно поврзани со продавање и купување на средствата на доброволниот пензиски фонд и нивно одбивање од пензискиот фонд;
в) одбивања од средствата на доброволниот пензиски фонд заради плаќање на надоместоци на друштвото;
г) начин на водење на сметководството на доброволниот пензиски фонд;
д) начин на информирање на членовите на доброволниот пензиски фонд и дневниот весник во кој се објавува информативниот проспект на пензискиот фонд; и
ѓ) други податоци од значење за доброволниот пензиски фонд.
Информативниот проспект содржи целосни, точни и објективни податоци за пензискиот фонд и друштвото кое управува co тој фонд кои се потребни потенцијалниот член да донесе одлука за зачленување во пензиски фонд и потенцијалниот пензиониран член да склучи договор за програмирани повлекувања или договор за повеќекратни исплати и тоа:
а)назив и седиште на друштвото и фондот co кој управува;
б)имињата на членовите на управниот одбор и на надзорниот одбор на пензиското друштво;
в)имињата и адресите на акционерите и нивното учество во основната главнина на пензиското друштво;
г)назив и седиште на чуварот на имот и податоци за евентуални промени на чуварот на имот направени претходната година и причините за таквите промени;
д)податоци за ревизорот на пензискиот фонд и друштвото;
ѓ) основни принципи на инвестирање и самоограничувањата при инвестирањето освен оние содржани во закон;
е)одговорност при носење на инвестициони одлуки;
ж)надоместоци, провизии и сите други трошоци што се наплатуваат од членовите и од пензионираните членови на пензискиот фонд;
з)начин на зачленување, склучување договор за програмирани повлекувања, склучување договор за еднократна исплата, склучување договор за повеќекратни исплати и склучување договор за премин;
ѕ) начин на известување на членовите и на пензионираните членови;
и)право на пензија / односно пензиски надоместок;
ј) портфолио на пензискиот фонд:
к)број на членови и на пензионирани членови на пензискиот фонд;
л)нето вредност на средствата на пензискиот фонд; и
љ) други податоци за работењето на друштвото и управувањето co пензискиот фонд што може да ги пропише Агенцијата заради обезбедување на транспарентност.